• четврток, 26 декември 2024

Шаќири присуствуваше на одбележувањето на 30 години од основањето на Комисијата за хартии од вредност

Шаќири присуствуваше на одбележувањето на 30 години од основањето на Комисијата за хартии од вредност
Скопје, 20 јуни 2022 (МИА) - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска присуствуваше на одбележувањето на 30-годишнината од основањето на Комисијата за хартии од вредност. - Комисијата за хартии од вредност како партнер на МОН во изминативе години е дел од мрежата на институции кои овозможуваат практична настава на учениците од средните училишта, соопшти МОН. Учениците за време на практичната настава, додаваат, имаат можност да се запознаат со начинот на функционирање на пазарот на хартии од вредност и за работата на ова тело. - Спроведувањето на ваква практична настава на учениците им овозможува да се стекнат со одредено работно искуство, што е задолжителен елемент од секој наставен план за квалификација во стручното образование за занимање во земјава, наведуваат од Министерството. мс/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан