• понеделник, 25 ноември 2024

Шаќири: Педагошките студиски програми да даваат наставен кадар кој знае да се справи со современите образовни трендови и дигитализацијата

Шаќири: Педагошките студиски програми да даваат наставен кадар кој знае да се справи со современите образовни трендови и дигитализацијата
Скопје, 18 февруари 2022 (МИА) - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на средба со продеканката за наука на Тетовскиот универзитет, професорката Рабије Мурати, разговарал за активностите кои заеднички треба да се реализираат за овој академски центар да продолжи да биде извор на квалитетни кадри. - Бројни се предизвиците пред кои е исправено високото образование во државата, а ние, како креатори на образовните политики, не задирајќи во академската автономија, тука сме да ги слушнеме барањата и соодветно да делуваме. Со продеканката Мурати посебно се осврнавме на студиските програми на Педагошкиот факултет, дизајнирани по Болоњскиот систем, кои образуваат професори по одделенска настава, педагози, специјални едукатори, а во втор и трет циклус магистри и доктори на науки. Образовните реформи се одвиваат со предвидената динамика, оттука е неопходно и педагошките студиски програми да бидат усогласени и да даваат подготвен наставен кадар кој знае да се справи со современите образовни трендови и дигитализацијата, рече Шаќири, пренесува во соопштение МОН. Универзитетот континуирано вложува во наставите програми, потенцираше проф. Мурати, со цел студентите да бидат конкурентни на европскиот академски пазар и да стекнат специјализација преку развој на компетенции. Како што информираат од МОН, на средбата е разговарано и за можностите за поттикнување на научно-истражувачките активности на Универзитетот.фф/лв/

Остани поврзан