• сабота, 23 ноември 2024

Шаќири: Од септември наставниците ќе имаат за 15 проценти повисоки плати

Шаќири: Од септември наставниците ќе имаат за 15 проценти повисоки плати
Скопје, 17 мај 2022 (МИА) - Конечно постигнавме договор со СОНК.  Од септември наставниците ќе имаат 15 проценти повисоки плати, напиша вечерва министерот за образование и наука Јетон Шаќири на „Фејсбук“.
Во фејсбук статусот, Шаќири вели дека секогаш ќе се труди да ги подобрува условите на наставниот кадар.
- Им се заблагодарам на соработката на Владата и на сите што придонесоа за овој процес успешно да се финализира, напиша министерот Шаќири. бак/нд/

Остани поврзан