• сабота, 23 ноември 2024

Шаќири: Квалитетно и инклузивно образование е право на секое дете

Шаќири: Квалитетно и инклузивно образование е право на секое дете
Скопје, 8 април 2022 Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска, по повод Меѓународниот ден на Ромите, имаше средба со пратеничката Љатифа Шиковска и со Елвис Мемети, советник на премиерот за ромски прашања. Честитајќи го празникот, Шаќири нагласи дека висок приоритет на Владата и на Министерството е обезбедувањето на квалитетно образование за секое дете. - Инклузивноста е еден од столбовите на реформата на образованието. Затоа, преку различни форми на поддршка ја подобруваме вклученоста на децата од ромската заедница во училиште и го намалуваме напуштањето на воспитно-образовниот процес. Наша цел е да изградиме генерации кои поседуваат вредности како што се недисриминација, толеранција и почитување на различностите во општеството, рече министерот. Шаќири укажа дека и покрај медијаторската помош, проектната поддршка и стипендиите, што сега се обезбедени, Министерството е тука да ги ислуша и прифати сугестиите кои водат кон зголемен образовен опфат на децата Роми, со што се зголемуваат можностите за нивна индивидуална и општествена реализација. Тоа е единствен правилен пат за надминување на предизвиците и за унапредувањето на правата на Ромите во нашата држава. Министерство за образование и наука __________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан