• сабота, 27 јули 2024

Шаќири: Договорот за меѓусебно признавање на дипломите создава основа за побрз развој на Западен Балкан

Шаќири: Договорот за меѓусебно признавање на дипломите создава основа за побрз развој на Западен Балкан
Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) - Соработката помеѓу високообразовните и истражувачките институции во Западен Балкан овозможува развој на знаењето преку мобилност на студентите, професорите, истражувачите и стручните лица, создавајќи основи за побрз развој на регионот, оцени министерот за образование и наука Јетон Шаќири во врска со Договорот за признавање на високообразовните квалификации во шесте земји од Западен Балкан, откако вчера на седница на Владата беше прифатен усогласениот текст на Договорот. Со него е предвидено дипломите издадени од надлежна високообразовна институција во една од шесте земји од регионот: Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија, да  се признаваат во сите други. Договорот, кој ќе биде потпишан на претстојниот Самит на Берлински процес во Берлин, ја промовира академска мобилност и соработка, високото образование, се препознава како јавно добро и јавна одговорност и се подига поддршката и заштитата на академската слобода и автономијата на високообразовните институции. Во соопштение до медиумите министерот Шаќири наведува дека креирањето  политики на регионална интеграција во сферата на високото образование е голем успех за сите шест држави. - Договорот го уредува меѓусебното признавање на високообразовните квалификации стекнати во јавни акредитирани високообразовни институции, продолжувањето на студиите и пристапот до нерегулираниот пазар на труд во секоја од шесте држави потписнички. Предвидена е максимална соработка меѓу националните центри за академско признавање на квалификации, размена и споделување искуства, алатки и бази на податоци, соработка преку Регионалната база на податоци за признавање на Западен Балкан, како и заедничка борба против појавата на фалсификување документи, информира МОН. За организирање, координирање и следење на активностите поврзани со спроведувањето на овој Договор ќе се формира Заедничка комисија за признавање на високообразовните квалификации, составена од тројца претставници од секоја од државите потписнички. хс/сп/

Остани поврзан