• среда, 25 декември 2024

Шаќири во Охрид на средби за унапредување на образовниот процес согласно потребите на локалната екомонија

Шаќири во Охрид на средби за унапредување на образовниот процес согласно потребите на локалната екомонија
Охрид, 18 февруари 2022 (МИА) – Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири денеска во Охрид заедно со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија, учествуваа во дијалогот „Учи паметно, работи стручно“ посветен на можностите за унапредување на образовниот процес согласно потребите на пазарот на труд и барањата на локалната економија. - Втора година по ред преку овој проект се унапредува средното стручно образование. Заедно со компаниите, општините, училиштата ги дискутираме потребите за определени стручни кадри и ги утврдуваме и воведуваме соодветни струки во образовниот процес, рече Шаќири. Тој изрази задоволство што во Охрид, но и во другите општини постои интерес за ваквите средби, посветени на заеднички пристап кон креирање образовен процес согласно општествениот интерес. - Заедничкиот пристап гарантира успех и сигурност во остварувањето на целите. Општествениот интерес е врвен приоритет на државата. И оваа година МОН продолжи со анкетите спроведени во компаниите, на кои дури 90 отсто е добиен позитивен одговор на отпочнатата иницијатива, рече Шаќири. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков изрази задоволство што Охрид е меѓу општините што предничат во процесот на унапредувањето на средното образование преку воведување дуалност во стекнувањето квалификувана наобразба. - Дуалното образование носи квалитет во самата настава, а произведува квалификувани кадри согласно потребите на компаниите. Учениците преку практична настава стекнуваат соодветни искуства, а компанииите добиваат готов кадар, рече Пецаков. Тој најави дека активностите на општината продолжуваат во насока на добивање информации од компаниите за нивните контретни потреби од кадри, а потоа ќе се работи на проекти во исполнување на нивните прецизни барања. Нашата Јаневска од Стопанската комора рече дека спроведените анализи укажуваат на недостаток од соодветен кадар кај компаниите и оттаму потребата од приближување на бизнис-секторот со самиот образовен процес. - Овој социјален дијалог го овозможи тоа, во насока на модернизирање на наставните и образовните програми согласно потребите на компаниите на локално ниво...Комората учествува во креирање образовни програми, сертифицирање ментори, но обезбедува и опремување на стручните училишта со работните за реализација на практичната настава, рече таа.аб/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан