• среда, 25 декември 2024

Шаќири бара авторите на учебниците да бидат повнимателни за да нема грешки

Шаќири бара авторите на учебниците да бидат повнимателни за да нема грешки

Скопје, 13 декември 2023 (МИА) - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири бара авторите на учебниците да се повнимателни со цел да нема повеќе грешки како во учебникот по предметот Математика за шесто одделение.

 - Побарав да се достават официјални забелешки од страна на универзитетските професори кои се вклучени во изработката на учебникот со наведени причини зошто е направена таа грешка. Знаете дека во сите учебниците по математика, и ние кога сме учеле, имало грешки, но верувам дека и таа техничка грешка соодветно ќе се реши, изјави Шаќири, кој днееска присуствуваше на официјалното затворање на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка на квалификации“.

Тој појасни дека се работи за техничка грешка направена од авторите, и покрај тоа што од двете страни на задачата дадени се неколку решенија.

На новинарско прашање во врска со проблемот со странските учебници кој трае веќе подолго време, министерот одговори дека во претходниот период се отвори дискусија во однос со начинот на пријавување на странските издавачи, како и за издавачкото право што го имаат, на повикот организиран од Министерството за образование и наука, на кој по измените, односно на вториот повик, пристап имаа сите странски издавачи.

 - Побарав и од Завод за ревизија стручно мислење во однос на тоа толкување во Законот за учебници и во другите закони каде што треба да го има толкувањето во однос на странските учебници.  Го очекувам одговорот и за наредните чекори сакам внимателно, ако извештајот кажува дека ќе треба да се дефинира, јас ви гарантирам дека после шест години ќе имаме добро дефинирање на законот и очекувам политичките партии тука да не прават проблем и ова да се реши во најбрз можен рок според препораките што ги имаме, рече Шаќири. сан/са/

Фото: МИА

Остани поврзан