• четврток, 26 декември 2024

Шаќири - Абдрахманов: Инклузивноста е еден од главните столбови во реформскиот процес

Шаќири - Абдрахманов: Инклузивноста е еден од главните столбови во реформскиот процес
Скопје, 23 јуни 2022 (МИА) - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска имаше средба со високиот комесар на ОБСЕ за националните малцинства амбасадорот Каират Абдрахманов, на која се разговараше за тековните реформски процеси и активности за постигнување подобар квалитет во сферата на образованието, соопшти МОН. - Инклузивноста е еден од главните столбови во реформскиот процес, а од друга страна, многу е направено во негувањето на меѓусебната доверба и рушењето на предрасудите и стереотипите во нашите училишта во последните години и ќе продолжиме да работат на тие прашања, истакна министерот Шаќири. На средбата се разговарало и за реформите во стручното образование во средните училишта, при што министерот го запознал Високиот комесар на ОБСЕ за креирањето нови профили во средните училишта врз основа на потребите на пазарот на труд. Министерот изразил благодарност за улогата и приодонесот на ОБСЕ за промовирањето на образованието на мајчин јазик на сите етнички заедници кои живеат во Северна Македонија како многу важен чекор кон меѓусебното разбирање и имплементација на човековите права. - Мора да ја цениме и вреднуваме постојната различност на нашето општество и да ја сметаме за сила од која можеме само да имаме корист, порачал Шаќири.свс/са/

Остани поврзан