• недела, 24 ноември 2024

Шахпаска: Бришење камати на долгови кон јавни институции за ранливите категории на граѓани и зачувување на работните места преку поддршка на компаниите се дел од петтиот пакет економски мерки

Шахпаска: Бришење камати на долгови кон јавни институции за ранливите категории на граѓани и зачувување на работните места преку поддршка на компаниите се дел од петтиот пакет економски мерки
Скопје, 5 април 2021 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска вели дека за новото законско решение согласно кое недела треба да биде неработен ден му претходело неколкумесечна анализа и во негово изработување биле вклучени сите засегнати страни. -Недела е ден на неделен одмор за сите работници освен за оние дејности каде што просецот не смее да се прекине. Оние кои ќе работат во недела,  ќе добијат најмалку 50 проценти повисока дневница, а овој процент може да биде повисок доколку тоа е уредено со Колективен договор.  Исто така, овие работници имаат право на слободен ден за неделен одмор, друг ден во неделата, рече Шахпаска во Студио 10 на ТВ 24. Министерката посочи дека  одлуката трговските центри да работат во недела е донесена земајќи предвид дека тие токму во недела остваруваат 40 проценти од прометот и затоа е економски оправдано нивното работење.  Тие ќе работат само една смена, од 10 до 18 часот, а 2 отсто од прометот остварен во нив во неделите ќе се наменат за изградба на градинки. Исклучоци од законското решение недела неработен ден се околу 38 дејности, како што се авторизација и видео надзор во банките, прифаќање и пастеризирање на млекото и други. Таа говореше и за петтиот пакет мерки за економска помош наменета за ранливите категории на граѓани при што го спомена и бришењето на  камати кон јавни институции и претпријатија. -Преку мерката, со законски измени , јавните комунални претпријатија, јавните претпријатија и Управата за јавни приходи, општините и  сите други институции од јавните дејности ќе треба да им ги простат и избришат долговите на граѓаните по основ на камати во висина од 100  проценти. Тоа се однесува за сите физички лица во нашата земја, рече Шахпаска. Министерката посочи дека со петиот пакет економски мерки се опфаќаат сите категории на граѓани. Покрај директната помош кон граѓаните, преку мерките директно се влијае на зачувување на работните места, што претставува приоритет на Министерството и на Владата во оваа криза. -Очекувам дека разумот ќе проработи и оти на пратениците ќе им проработи свеста, затоа што сепак ние сме во служба на граѓаните и мора да одговориме на нивните потреби и барања, истакна министерката коментирајќи за блокадата во Собранието, а со тоа, како што рече, и доцнењето на економската помош предвидна со петиот пакет економски мерки. сст/лв/

Остани поврзан