• сабота, 23 ноември 2024

Шаховската олимпијада преместена од Русија во Индија

Шаховската олимпијада преместена од Русија во Индија
Њујорк, 16 март 2022 (МИА) – Годинешната, 44. Шаховска олимпијада, која требаше да се одржи во Москва, е префрлена во индискиот град Ченаи, објави денеска Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ). Точните термини сè уште не се утврдени, но олимпијадата ќе се одржи меѓу крајот на јули и почетокот на август, како што и е предвидено во календарот. Ченаи е родниот град на поранешниот светски првак Вишванатан Ананд и беше домаќин на дуелот за титулата светски првак во 2013 година, кога Норвежанецот Магнус Карлсен прв пат ја освои титулата совладувајќи го токму индискиот велемајстор. ег/aa/

Остани поврзан