• петок, 27 декември 2024

Шарман: Вонземјани постојат, а можеби се и помеѓу нас

Шарман: Вонземјани постојат, а можеби се и помеѓу нас
Лондон, 10 јануари 2020 (МИА) - Првата Британка во Вселената, д-р Хелен Шарман смета дека вонземјани постојат и дека веројатно ги има и меѓу нас, на Земјата. - Вонземјани постојат, тоа е сигурно. Меѓу милијарди ѕвезди, сигурно постојат бројни облици на живот, изјави д-р Шарман во интервју за списанието „Опсервер“. Хелен Шарман (56) во 1991 година ја посети советската вселенска станица Мир. Астронаутката, инаку хемичарка, денес предава на Кралскиот колеџ во Лондон. - Можно е (вонземјаните) да се меѓу нас денес, но едноставно не можеме да ги видиме, додава таа. Нејзе не ѝ се допаѓа кога ја прогласуваат за „првата жена“ од Велика Британија која отишла во Вселената, оти „тоа значи дека во спротивно би се претпоставило дека станува збор за маж“ односно дека таа не е првиот човек од Велика Британија во Вселената, што не е вистина. - Кога Тим Пик по мене отиде во Вселената, некои луѓе, едноставно, ме заборавија. Би било „нормално“ маж да е првиот човек што отишол, па среќна сум што го нарушив тој ред, појасни д-р Шарман. Како што вели, престојот на Вселената ја научил дека луѓето, а не материјалните нешта, се тоа што навистина вреди. - Онде горе имавме сè што ни е потребно да преживееме - вистинска температура, храна, пиење и безбедност. Воопшто не размислував за физичките нешта кои ги имам на Земјата. Кога прелетувавме над одредените делови од планетата, во мислите постојано ни беа луѓето што ги сакаме, нагласи д-р Шарман. си/ми/

Остани поврзан