• недела, 24 ноември 2024

Шарл Мишел утре на инаугурацијата на гасоводот во Александруполи

Шарл Мишел утре на инаугурацијата на гасоводот во Александруполи

Брисел, 2 мај 2022 (МИА) – Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел утре ќе отпатува за Александруполи на покана на премиерите на Северна Македонија, Грција и Бугарија, Димитар Ковачевски, Киријакос Мицотакис и Кирил Петков и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Мишел ќе присуствува на инаугурацијата на изградбата на гасоводот за течен природен гас, чија цел, според ЕУ, е подобрувањето на инфраструктурата и набавката на гас за целиот југоисточноевропски регион.

Проектот за гасовод во Александруполи е од клучна важност за ЕУ во момент кога главна цел е независност од рускиот гас.

-Проектот ќе понуди нови извори и рути за набавка на природен гас и ќе ја зголеми безбедноста на набавката во Грција, Бугарија и другите земји во регионот, изјавија од кабинетот на Мишел.

Претседателот на Европскиот Совет заминува во Александруполи на покана на премиерите на Грција, Северна Македонија и Бугарија, односно Мицотакис, Ковачевски и Петков, како и на претседателот на Србија, Вучиќ. тм/дма/

Остани поврзан