Шарл и Артур Леклер први браќа клупски колеги во историјата на Ф1
- Браќата Шарл (27) и Артур Леклерк (24) ќе испишат историја во Формула 1 кога в петок ќе се појават во болидите на Ферари на првиот слободен тренинг пред Големата награда на Абу Даби закажана за 8 декември на патеката „Јас Марина“.
Абу Даби, 4 декември 2024 (МИА) – Браќата Шарл (27) и Артур Леклерк (24) ќе испишат историја во Формула 1 кога в петок ќе се појават во болидите на Ферари на првиот слободен тренинг пред Големата награда на Абу Даби закажана за 8 декември на патеката „Јас Марина“.
Тоа ќе биде прв пат во историјата на Формула 1 браќа како клупски колеги официјално да настапат на Ф1 викенд.
Шарл Леклер е еден од најдобрите возачи на денешницата, додека неговиот помлад брат е развоен возач на Скудерија. Артур Леклер ќе го замени Карлос Саинц на првиот слободен тренинг в петок, исполнувајќи ја втората задолжителна сесија за дебитантите на Ферари оваа сезона, според правилата на ФИА.
Ферари денеска објави слика на социјалната мрежа Икс на која се гледаат браќата Леклер заедно во исти комбинезони со натпис „креатори на историјата“.
Шарл и Артур ќе бидат првите браќа кои ќе возат за ист тим во исто време, но тие не се и првите браќа кои возеле во Ф1. Најпознати, секако, се Германците се Михаел и Ралф Шумахер, но тие не возеа во ист тим.
Мексиканците Педро и Рикардо Родригез исто така се тркаа за Ферари, но, не во исто време. ег
ФОТО: Икс