• четврток, 26 декември 2024

Шарлиз Терон го нападна „дебелиот“ Стивен Сегал кој не е многу фин со жените

Шарлиз Терон го нападна „дебелиот“ Стивен Сегал кој не е многу фин со жените
Лос Анџелес, 25 јуни 2020 (МИА) - Шарлиз Терон смета дека ѕвездата од американските акциони филмови, Стивен Сегал е „неверојатно тежок“ - телесно, и оти не е вистински мајстор за боречки вештини. Во радиоемисијата на Хауард Стерн, прашана како таа се подготвува за нејзините акциони улоги, јужноафриканската глумица рече дека, меѓу другото, гледа борби на интернет. - И така, ќе наидам на видео како Стивен Сегал „се тепа“ во Јапонија. Всушност, се преправа. Тој е неверојатно тежок и, само ги турка луѓето. Поради неговата огромна телесна тежина, тој не ни може да се тепа. Мислам, смешно е. Ги турка луѓето внесувајќи им се в лице. Очигледна местенка!, нагласи Терон. Јавувач љубител на Сегал жестоко негодуваше на тоа, па Терон му одговори и нему. - Не, немам проблем да ги говорам овие г**нарии за него, зашто тој не е многу фин ни со жените, па еб* се и ти!, рече таа во етерот. Терон тука веројатно мислеше на обвинувањата на британската глумица Рејчел Грант која неодамна тврдеше дека на една аудиција тој ја зграпчил и почнал да се соблекува. Сегал тогаш ги отфрли обвинувањата за сексуален напад.  си/

Остани поврзан