• недела, 24 ноември 2024

Шарапова го загуби четвртиот натпревар по ред и го повтори личниот негативен рекорд

Шарапова го загуби четвртиот натпревар по ред и го повтори личниот негативен рекорд
Мелбурн, 21 јануари 2020 (МИА) – Руската тенисерка и поранешен прв светски рекет Марија Шарапова, загуби во првото коло на Австралија опен, од Хрватката Дона Векиќ и ја продолжи серијата порази на ВТА турнирите на четири натпревари. Русинката го повтори најлошиот резултат во својата кариера, што се случи пред две сезони. За тенисерката која на Австралија опен учество обезбеди со специјална покана од организаторот, ова е седми пат во кариерата (и трет по ред) да биде елиминирана на Грен слем турнир уште во првото коло. Шарапова загуби два од последните девет натпревари. Откако се опорави од повредата здобиена на турнирот во Санкт Петербург минатиот февруари, Шарапова ја совлада само словачката тенисерка Викторија Кузмова во Мајорка и Американката Алисон Риске во Синсинати. По завршувањето на дисквалификацијата поради користење мелдониум, Марија освои само 62,32% од натпреварите (43 од 69), додека претходно победи на 80,46% од натпреварите (601 од 746). зс/

Остани поврзан