• сабота, 23 ноември 2024

„Шаоми“ ќе произведува електромобили

„Шаоми“ ќе произведува електромобили
Хонг Конг, 19 октомври 2021 (МИА) - „Шаоми“ (Xiaomi) почнува со производство на сопствени електрични автомобили во 2024 година. Ова го изјави претседателот на компанијата Леи Џун на денешната средба со инвеститорите, јави „Пенгпај“. Подготвителната работа на проектот оди побрзо од предвиденото. Како што истакнува Леи Џун, производството на електрични автомобили ќе оди во полза на постоечкиот екосистем, што вклучува примена и на технологија за управување со паметен дом или канцеларија. Во септември, „Шаоми“ ја заврши регистрацијата на подружница која ќе се занимава со производство на електромобили. Регистрираниот капитал на новата компанија - „Шаоми квиче“ (Xiaomi Qiche), е 10 милијарди јуани (околу 1,3 милијарди евра). Претседателот на Одборот на „Шаоми“ - Леи Џун е одобрен како законски застапник. Вкупната инвестиција во електрични возила се очекува да достигне 10 милијарди долари следните 10 години. „Шаоми“ веќе ангажираше 300 стручни лица за новата компанија и продолжува да бара висококвалификувани луѓе. На крајот на јули, тие најавија и создавање структура за развој на сопствена технологија за управување беспилотни возила. „Шаоми“ е основан во април 2010 година и е еден од најголемите производители на паметни телефони во светот. Во 2018 година, компанијата ја одржа првичната јавна понуда на своите акции на берзата во Хонг Конг. На крајот на декември лани, пазарната капитализација на фирмата првпат надмина 100 милијарди долари.  си/

Остани поврзан