• понеделник, 02 септември 2024

Шампионот Струмица Никоб ги почна подготовките за новата сезона

Шампионот Струмица Никоб ги почна подготовките за новата сезона
Струмица, 10 август 2022 (МИА) - Одбојкарскиот шампион Струмица Никоб ги почна подготовките за новата сезона, во која ќе настапува и во европските клупски натпреварувања. Како што информираше тренерот Кирил Ричлиев, во тимот се врати репрезентативецот Стојан Илиев, кој е првото засилување за новата сезона, а денес треба да се приклучи и Александар Злобин, кој и годинава останува во Струмица. - Покрај него, доаѓаат уште двајца негови сонародници - примачот Максим Михаилов, кој доаѓа од екипата на Будва од Црна Гора и Алексеј Лободин, кој игра на центарската позиција. Задутре треба да ни се приклучи и репрезентативецот Филип Деспотовски, рече Ричлиев. Покрај засилувањата во екипата, на првиот стратег на струмичани ќе му помага Атанас Милев. Од клубот додаваат дека официјалното претставување на комплетниот тим и стручниот штаб, како и плановите и целите на клубот е закажано за крајот на овој месец. рт/зс/

Остани поврзан