• понеделник, 26 август 2024

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром ги почна подготовките за новата кошаркарска сезона

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром ги почна подготовките за новата кошаркарска сезона

 

Скопје, 16 август 2024 (МИА) – Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром стартуваа со подготовките за новата сезона во која избраниците на тренерот Васко Атанасов влегуваат со амбиции да ја одбраната двојната круна во македонското првенство и да обезбедат враќање во Јадранската лига.

Американецот Брандон Слај и Србинот Милош Копривица, се двете нови засилувања во составот на МЗТ Скопје Аеродром во чиј редови Атанасов за новата сезона на располагање ќе има и браќата Дамјан и Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ, Марин Петков и Хрватот Марко Баковиќ.

МЗТ Скопје Аеродром новата сезона ја почнува на 24 септември со дуелот против Теодо Тиват на домашен терен од АБА2-лигата. ег ФОТО: МЗТ Скопје Аеродром/Фејсбук

Остани поврзан