• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шампионката од Вимблдон, Рибакина против Сињкова во финалето на турнирот во Порторож

Шампионката од Вимблдон, Рибакина против Сињкова во финалето на турнирот во Порторож
Порторож, 18 септември 2022 (МИА) - Елена Рибакина од Казахстан ја победи Романката Ана Богдан во полуфиналето на турнирот во Порторож со 6:1 и 6:1 во меч што траеше 1 час 25 минути. Рибакина која е актуелна шампионка на Вимблдон, за трофејот во Порторож ќе игра против чешката тенисерка Катерина Сињакова. Чехинката синоќа беше подобра од Германката Ана-Лена Фриџам со 6:1 и 7:5. Финалето е закажано за денес во 18 часот. ВТА турнирот „Заваровалница Сава Порторож“ се игра за награден фонд од 251.750 долари. зс/

Остани поврзан