• вторник, 20 јануари 2026

Шалке заинтересиран за Џеко

Шалке заинтересиран за Џеко

 

Гелзенкирхен, 19 јануари 2026 (МИА) – Водечкиот тим во германската втора лига Шалке сака во зимскиот преоден рок да го доведе во своите редови 39-годишниот босански централен напаѓач Един Џеко, кој има скромна минутажа во Фиорентина, јавија денеска германските медиуми.

По испаѓањето од Бундеслигата во 2023 година, Шалке имаше две разочарувачки сезони во втората лига, завршувајќи на 10. и 14. место. Сепак, оваа сезона клубот од Гелзенкирхен би можел да се врати во елитното друштво, бидејќи на половина од сезоната во втората лига, го држи првото место со четири бодови повеќе од Елверсберг и Дармштат.

Германскиот фудбал не му е непознат Џеко, кој играше за Волфсбург во сезоната 2008/09, и постигна 85 голови, додавајќи 35 асистенции на 142 натпревари за Волфсбург.

Германските медиуми истакнуваат дека Шалке не е единствениот клуб што покажува интерес за Џеко. Францускиот прволигаш Париз, исто така, е заинтересиран за искусниот централен напаѓач.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан