• вторник, 12 ноември 2024

Шаленберг: Поради безбедност и стабилност, неопходно е идејата за проширувањето на ЕУ да се турка напред

Шаленберг: Поради безбедност и стабилност, неопходно е идејата за проширувањето на ЕУ да се турка напред

Луксембург, 24 јуни 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг денеска изјави дека безбедноста и стабилноста се геостратешка цел на Европската унија и поради тоа идејата за проширување на Унијата мора да се турка напред.

Пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите - членки на ЕУ, што се одржува во Луксембург, тој рече дека Австрија се залага за концептот на постепена интеграција.

„Значи, не мора секогаш да биде полноправно членство, но можете да се движите кон него чекор по чекор без да ја жртвувате крајната цел на полноправно членство. Досега имавме начин на размислување - или полноправно членство или ништо. И кажувам, на пример, тоа нас не спречува некои држави од Западен Балкан да ги вклучиме во трансевропската мрежа“, додаде Шаленберг. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан