• четврток, 26 декември 2024

Шакира го отфрли договорот со шпанското обвинителство околу даночниот долг

Шакира го отфрли договорот со шпанското обвинителство околу даночниот долг
Мадрид, 28 јули 2022 (МИА) - Латино-ѕвездата Шакира го отфрли договорот за признавање вина пред обвинителите во случајот за даночна измама во Шпанија, од 14,5 милиони евра, и сега е чекор поблиску до судење, изјави нејзин претставник вчера. Колумбиската пејачка, која има продадено повеќе од 80 милиони плочи ширум светот, е целосно убедена во својата невиност и затоа не ја прифаќа спогодбата. Шакира секогаш ги плаќала сите даночни обврски и смета дека случајот е „целосно кршење на нејзините права“, се вели во соопштението. Шакира е обвинета дека не платила 14,5 милиони евра даночен приход во периодот од 2012 до 2014 година. Ова е време кога, според адвокатите на пејачката, таа не живеела во Шпанија. Современата „кралица на латино-музиката“, тврди дека се преселила во Барселона во 2015 година. Таму живеела со фудбалерот Жерар Пике. Двојката има две деца, но од неодамна веќе не живеат заедно. Пејачката вели дека иако нејзиниот адвокатски тим не се согласил целосно за наводниот долг, таа платила 17,2 милиони евра кои шпанската даночна служба тврдела дека ги должи. Според неа, таа со години нема неподмирен долг кон даночните власти. Сега судот ќе ѝ испрати покана за рочиште и треба да се одреди датум за судење.

Остани поврзан