• четврток, 26 декември 2024

Шакира во новата песна „го опева“ својот поранешен свекор

Шакира во новата песна „го опева“ својот поранешен свекор

Majaми, 21 септември 2023 (МИА) - Колумбиската поп-ѕвезда Шакира објави нова песна под наслов „El Jefe“ („Шефот“), но иако зборува за работничката класа и експлоатацијата кон нив - најголемо внимание привлече стихот посветен на нејзиниот поранешен свекор.

 

„Велат дека нема зло што трае повеќе од сто години, но мојот поранешен свекор е сè уште тука и не стапнал в гроб“, се вели во песната.

Во овој дел од видеото, танчерите ѝ ја покриваат устата на Шакира, како да сакаат таа да не го спомнува тоа. Инаку, таткото на поранешниот опруг на пејачката, Жерар Пике, Жуан е бизнисмен и управува со компаниите на својот син... Па така, многумина претпоставуваат дека  Шакира можеби укажува дека и тој ги искористува своите работници.

Шакира ја сними песната заедно со мексиканската група „Фуерза регида“. За шест часа од пуштањето, видеото собра речиси три милиони прегледи.  си/ссм

Фото: МИА архива

Остани поврзан