• сабота, 23 ноември 2024

Шабани: Поттикнуваме учество во Хоризонт Европа, тоа е можност за бизнис заедницата и научно-истражувачките центри да учат од најдобрите во ЕУ

Шабани: Поттикнуваме учество во Хоризонт Европа, тоа е можност за бизнис заедницата и научно-истражувачките центри да учат од најдобрите во ЕУ
Скопје, 31 август 2021 (МИА) - Од исклучителна важност е интеграција на државата во европската истражувачка, образовна и иновативна област преку новата Програма Хоризонт Европа. Затоа е значајно што Стопанската комора на Северна Македонија е координатор на проект во кој се вклучени седум партнери од повеќе европски држави. На овој начин ќе се креираат нови алатки за надградба на веќе стекнатите вештини за енергетска ефикасност на постојниот и идниот кадар во градежната индустрија. Ова денеска го посочи заменик министерот за образование и наука Арафат Шабани, во обраќањето на Конференцијата „Како до видливи, валидирани и вреднувани и одржливи вештини за енергетска ефикасност во градежништвото“, соопшти Министерството за образование и наука. Според Шабани, учеството во Хоризонт Европа носи мултиплицирани придобивки - не само за директните учесници во проектите, туку и за креаторите на политики, агенциите за иновации и другите засегнати страни кои учествуваат во различни активности во оваа, најголема досега европска рамковна програма. -Министерството за образование и наука ја поттикнува бизнис заедницата, истражувачките и универзитетските центри, како и поединци да конкурираат за финансирање на своите проекти, со што добиваат можност да соработуваат со партнери кои се докажани во своите области на делување и од кои можат многу да научат, посочи Шабани. Заменик министерот Шабани нагласи дека програмата Хоризонт Европа дава дополнителен импулс на вложувањето во наука и истражувања, како една од стратешките определба на Владата и на Министерството за образование и наука. За зголемување на видливоста на новата европска програма, од Министерството за образование и наука информираат дека организира 10 инфо-денови, каде потенцијалните апликанти добија информации за сите новини и можности за финансирање. Исто така, како што посочија во соопштение, во рамки на програмата отворени се повици за пост-докторски стипендии и вмрежување на докторанти преку Мари Склодовска Кири акции за мобилност . бт/ац/

Остани поврзан