• среда, 25 декември 2024

Чурлинов потпиша за „Барнли“

Чурлинов потпиша за „Барнли“
Лондон, 19 август 2022 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов е нов член на „Барнли“, потпишувајќи денеска четиригодишен договор со екипата на англиски Чемпионшип. Чурлинов стави потпис на договор до 2026 година и се сели во англискиот фудбал од германската Бундеслига. Финансиските детали од договорот не се објавени, но според англиските медиуми, „Барнли“ за услугите на Чурлинов ќе му плати на неговиот досегашен клуб „Штутгарт“ обесштетување од пет милиони евра плус дополнителни бонуси. Според најавите од Англија, 22-годишниот македонскиот репрезентативен крилен напаѓач би можел веќе следната недела да дебитира во тимот предводен од Винсент Компани. ег/сх/  

Остани поврзан