• четврток, 26 декември 2024

Чурлинов поради повреда ги пропушта натпреварите со Грузија и Бугарија

Чурлинов поради повреда ги пропушта натпреварите со Грузија и Бугарија
Скопје, 14 септември 2022 (МИА) - Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов поради повреда нема да може да се стави на располагање за подготовките и натпреварите на македонската репрезентација против Грузија (Тбилиси, 23 септември) и Бугарија (Скопје, 26 септември) од групата во Лига на нации. - Лекарските прегледи потврдија дека напаѓачот на англиски Барнли не е во можност да му помогне на репрезентативниот тим за претстојните мечеви поради повреда на задниот бутен мускул, објави ФФМ на својата официјална веб-страница. Собирот на македонската репрезентација претстојните пресметки против Грузија и Бугарија е закажан за 19 септември во Скопје. зс/

Остани поврзан