• четврток, 26 декември 2024

Чурлинов нов фудбалер на полска Јагелонија

Чурлинов нов фудбалер на полска Јагелонија

 

Варшава, 7 август 2024 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов ќе ја продолжи кариерата во полскиот прволигаш Јагелонија.

Како што вечерва објави полскиот клуб, Чурлинов ќе го носи дресот со бројот 21 до крајот на сезоната 2-024/25 како позајмен фудбалер од англиски Барнли.

Чурлинов во кариерата претходно настапуваше за Келн, Штутгарт и Шалке.

За македонската репрезентација 24-годишниот Чурлинов досега одигра 25 натпревари на кои постигна четири голови. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан