• среда, 25 декември 2024

Чупо – Мотинг се сели во САД

Чупо – Мотинг се сели во САД

 

Лондон, 29 ноември 2024 (МИА) – Камерунскиот напаѓач Ерик Максим Чупо-Мотинг (35) кариерата ќе ја продолжи во САД, јавија синоќа британските медиуми.

Чупо-Мотинг, кој во моментов е без клупски ангажман, треба да ја продолжи кариерата во Њујорк Ред Булс во американската МЛС лига.

Според телевизијата Скај, камерунскиот фудбалер веќе бил на лекарски преглед и се договорил за сите услови од двегодишниот договор кој започнува на првиот ден од 2025 година.

Последен клуб на Чупо-Мотинг беше минхенски Баерн, но германскиот фудбалски гигант ова лето одби да го продолжи договорот со камерунскиот репрезентативец.

Во текот на кариерата Чупо – Мотинг го носеше и дресот на ПСЖ, Хамбургер, Нирнберг, Мајнц, Шалке и Стоук. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан