• четврток, 26 декември 2024

Чупи: Грчката закана е приказна од минатото, Албанија ги исполни критериумите за ЕУ

Чупи: Грчката закана е приказна од минатото, Албанија ги исполни критериумите за ЕУ

Тирана, 29 ноември 2023 (МИА) - Познатиот албански аналитичар Фрок Чупи, коментирајќи ги заканите од  грчка страна кон Албанија и нејзиниот евроинтегративен процес со прашањето "Белери" оцени дека станува збор за приказна од минатото. 

Чупи за abcnews.al го коментираше односот на Атина кон Албанија во ЕУ поради прашањето за Белери.

-Позицијата на Грција кон Албанија во однос на прашањето за Белери, а особено блокирачката позиција кон Европската Унија, пред се е надвор од времето. Тоа е приказна од минатото. Овие тактики ги користеа државите, но времињата се сменија. Актуелниот тренд е дека ЕУ нужно ќе се прошири, а Албанија ќе биде прва бидејќи ги исполни сите критериуми, оценува тој.

Тој додаде дека ова што го прави Грција "е надвор од актуелниот момент, невозможно е и не треба да се прави". 

-Ги знаеме причините зошто тоа се случува во Грција. Тоа се случува со Грција затоа што грчката Влада по грешка е составена од некои екстремистички, антиалбански и антиевропски терористички организации и тоа е причината што тие ја повлекоа владата по овие многу мрачни патишта, смета Чупи.

Тој со оценка и за ставот на Германија, на кој денеска ќе приклучила Шпанија кои повикале да не се блокира патот на Албанија кон ЕУ од билатералните прашања со Грција.

-Позицијата на Германија и Шпанија ја претставува и Европа во симболична смисла. Германија е основач на ЕУ, заедно со Франција. Шпанија е медитеранскиот дел од ЕУ, која надмина стотици многу посериозни националистички проблеми од самата Грција.  Прашањето е: Дали ќе се дозволи Европа да биде поразена од војните на истокот или Албанија ќе биде прифатена во ЕУ, рече Чупи. 

По низата условувања Грција преку писмена изјава доставена на седницата на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР), побарала Албанија да преземе конкретни мерки за Фреди Белери да положи свечена заклетва како градоначалник, а во спротивно „нема да може да се согласи за следните фази од процесот на пристапување“.

Белери, кој е припадник на грчкото малцинство, беше уапсен на 12 мај под обвинение за "изборна корупција", но иако во притвор, два дена подоцна, на локалните избори беше реизбран за градоначалник на приморското гратче Химара. вт/сд/

 

Остани поврзан