• сабота, 21 декември 2024

Чулев утре ќе побара мислење од ДИК за назначувањето на Ставревски во СВР-Скопје

Чулев утре ќе побара мислење од ДИК за назначувањето на Ставревски во СВР-Скопје
Скопје, 12 јануари 2020 (МИА) - Проблематизирањето на изборот на Ристе Ставревски за началник на СВР-Скопје е од политички причини и го изразува стравот на критичарите од професионално вршење на активностите, смета техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Тој за МИА изјави дека утре ќе поднесе барање за мислење до Државната изборна комисија (ДИК). -Ставрески не е осудуван, ниту против него има постапка или каква било истрага. Напротив, тој е лице кое поседува сертификат „државна тајна“ за информации од доверлив карактер, издаден во периодот кога Спасовски беше министер за внатрешни работи. Не гледам никаква пречка да биде началник на СВР - Скопје и поради можноста различно да се толкуваат законските прописи, планирам да се обратам до ДИК која ќе треба да одлучи и да се изјасни за натамошно нормално функционирање на позицијата на лицето за кое станува збор, рече Чулев. Тој потенцира дека е најважено да се функционира професионално и согласно законските норми. Сé друго, како што напомена, претставува политизирање и израз на страв од соочување со професионалци. На прашањето од МИА во врска со неговата одлука да се вратат возила во МВР, меѓу кои и она што го користи претседателот на државата Стево Пендаровски, министерот одговори дека постапувањето согласно законите, процедурите и прописите е начинот на кој работи актуленото раководство на МВР. -Водењето сметка за инвентарот и опремата на МВР не е „спорна одлука“, туку само еден дел од тоа постапување. Без да сакаме да навлеземе во дневно-политички интриги, креирани од партиските кујни на СДСМ, најостро ги демантираме објавените наводи и невистини и апелираме до медиумите и новинарите да ги почитуваат принципите на етичко известување. За волја на вистината, од десетици возила за кои е утврдено несоодветно користење, само едно е вратено, а останатите се користат надвор од правилата и процедурите на МВР, подвлече Чулев. Нагласи и дека безбедноста не е загрозена на ниту еден носител на јавна функција, посебно не на премиерот и на шефот на државата. -Како човек со повеќе од 20 години искуство во областа на безбедноста, во никој случај не би дозволил да се загрози безбедноста на премиерот и претседателот. Инаку, бројот на возила кај претседателот на државата и кај премиерот сега е многу поголем, рече Чулев. Додаде и дека последните неколку дена пред да стапи на функцијата, сите возила од Кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски биле распределени во други институции и оранизициски единици. мч/дма/    

Остани поврзан