• сабота, 09 ноември 2024

Чулев до Спасовски: Треба да поднесеш оставка затоа што ти оставив комплетирана истрага, а ти една година не презема ништо

Чулев до Спасовски: Треба да поднесеш оставка затоа што ти оставив комплетирана истрага, а ти една година не презема ништо
Скопје, 6 април 2021 Недозволиво е земја членка на НАТО и претендент за членство во ЕУ да дозволи со години да биде сериозна логистичка база за најозогласени криминални транснационални картели со активности на сите континенти. Токму тоа со своето нестручно, непрофесионално и зачудувачки незаинтересирано и дефокусирано однесување го овозможи актуелното раководство на МВР, на чело со министерот Оливер Спасовски кој замислете имаше речиси цели четири години за да ја заврши истрагата. Наведената истрага беше речиси хибернирана во периодот кога стапив на функцијата министер за внатрешни работи, за да со целосна посветеност колегите, и покрај сите опструкции во периодот на техничката Влада, се мотивираат и се даде максимум за нејзино реактивирање. Истрагата беше речиси комплетирана во периодот кога бев министер, но заради задржување на професионален однос и несакањето да биде ставена во контекст на парламентарните избори, истата не финишираше односно не беше обелоденета. Која е причината поради која се чекаше недозволиво долг период кога во континуитет се издаваа македонски пасоши исклучиво знае Оливер Спасовски и одговорноста е исклучиво негова. Тој е министерот на кој редовно намерно или ненамерно му се случуваат сериозни пропусти во работењето што резултира со последици по меѓународната репутацијата и интегритетот на државата, а што се отсликува и со рапидниот пад на Македонија на листата на земји по степен на корумпираност. Сега е крајно време Оливер Спасовски, да понесе најмалку морална и политичка одговорност, и да ја препушти оваа одговорна функција на личност која максимално посветено и чесно ќе ја извршува истата. Тој има обврска одговорно и согласно со законите да ја извршуваа таа функција и за тоа не треба да биде потсетуван и да му се врши притисок од страна на опозицијата, граѓаните и странските партнери кои пак очекуваат бескомпромисна борба со организираниот криминал и корупција. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, фејсбук статус на Наќе Чулев ______________________________________________________________________    МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан