• четврток, 26 декември 2024

Чудните навики и уверувања на големите умови

Чудните навики и уверувања на големите умови
Лос Анџелес, 9 ноември 2020 (МИА) - Светски познатите научници и уметници честопати се помнат и по своите чудни навики и верувања. Следуваат тривијалности за неколку големи умови... 1. Сликарот и режисер Енди Ворхол си ја бојадисувал косата сива, за да изгледа постаро. 2. Салвадор Дали чувал мравојад и дива мачка оцелот како домашни миленици. 3. Пол Гоген го напуштил своето големо семејство и добро платена работа и се преселил на Тахити, каде што ги создал своите најдобри уметнички сликарски дела. 4. Никола Тесла менувал точно 18 крпи за раце секој ден. Тој имал опсесивно-компулсивно нарушување, па се плашел од микроби. Затоа, морал постојано да ги мие рацете. 5. Писателот Оноре де Балзак понекогаш пиел повеќе од 45 филџани кафе на ден и можел да работи два дена без пауза. 6. Алберт Ајнштајн ги замолувал луѓето кои разговарале со него да ги повторуваат истите кажани работи неколкупати. 7. Алфред Хичкок имал страв од хорор-филмови. Тој дури и не сакал да ги гледа своите остварувања кои со времето прераснаа во класици. Чудните убедувања, се чини, ги прават талентираните луѓе такви какви што се. Ако навистина е така, тоа објаснува многу.  си/sd/

Остани поврзан