• среда, 25 декември 2024

Чориќ го освои турнирот во Синсинати

Чориќ го освои турнирот во Синсинати
Синсинати, 22 август 2022 (МИА) - Хрватскиот тенисер Борна Чориќ го победи Гркот Стефанос Циципас во финалето на турнирот во Синсинати (САД) со 2:0, по сетови 7:6 (7:0) и 5:2. Во мечот што траеше безмалку два часа, Хрватот сервираше седум аса, направи две двојни грешки и освои три од 12 брејк топки. Циципас имаше шест аса, четири двојни грешки и една освоена од седум можни брејк топки. Дваесет и петгодишниот Чориќ го освои првиот АТП турнир во 2022 година и третиот во кариерата. Тој како 152-риот рекет на светот го победи седморангираниот на АТП листата. зс/

Остани поврзан