• среда, 27 ноември 2024

Чоколадото во ладилник го губи својот вкус

Чоколадото во ладилник го губи својот вкус

Скопје, 30 септември 2024 (МИА) - Чувањето чоколадо во фрижидер придонесува тоа да придобие лош вкус. Според стручњаците и познавачите, тоа е лошо од неколку причини, пишува порталот „Индекс“.

Имено, чоколадото лесно може да ги апсорбира вкусовите на другите намирници во ладилникот, па тоа, се чини, е главна причина за губење на слаткиот вкус. Промената на бојата е уште еден проблем што се јавува кога влагата во фрижидерот влијае врз шеќерот во чоколадото, којшто се јавува на површината и тоа добива „бледа“ боја.

Се препорачува чоколадото да се чува на место каде што температурата е меѓу 12 и 18 Целзиусови степени. си/мс/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан