• сабота, 23 ноември 2024

Членови на ВМРО-ДПМНЕ во посета на Лозово, Зелениково, Дојран...

Членови на ВМРО-ДПМНЕ во посета на Лозово, Зелениково, Дојран...

Скопје, 28 мај 2023 (МИА) - Во рамки на теренската активност „Ова е Макеоднија за сите“ претставници на ВМРО-ДПМНЕ денеска посетија повеќе населени места. 

Координаторот на пратеничката група на партијата заедно со други членови на ВМРО-ДПМНЕ беше во општина Лозово.  

- Откупот на грозје е најголем проблем во општина Лозово, десниот магистрален канал целосно руиниран, изјави Мицевски. 

Тој додаде дека голем проблем е што во овој крај питка вода за пиење од хидросистемот Злетовица нема, а властите молчат.

- Дополнително на тоа увозот на евтина работна сила  од Индија веќе е реалност во нашата држава. Нашите млади образовани кадри заминуваат, работат по белосвет, а во нашата држава се увезуваат Индијци за работа, рече Мицевски. 

Како што се наведува во соопштението од партијата, тој вели дека нивната коалиција има решенија за овие проблеми. 

-Проблемите се исти, проблемите ги тиштат граѓаните буквално секој ден затоа што оваа Влада на Димитар Ковачевски направи катастрофа низ цела Македонија во секое Село и Општина. Тука сме да ја најавиме програмата на ВМРО-ДПМНЕ, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски“, рече членот на ИК на партијата Владимир Ѓорчев кој беше во неколку села во Дојран. 

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Љутков заедно со други претставници на партијата беше во Општина Зелениково и ги посети Ново Село, Пакошево и Страхојадица. 

- Генерално жителите од овие населени места се незадоволни од односот и третманот на Владата, изјави Љутков. 

Како што посочи тој, од владата нема никаква поддршка за поголеми проекти и инвестиција во општина Зелениково. ев/

ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ 

 

Остани поврзан