• недела, 24 ноември 2024

Членови на анархистичката група „Рувиконас“ упаднаа во Министерството за животна средина и енергија на Грција

Членови на анархистичката група „Рувиконас“ упаднаа во Министерството за животна средина и енергија на Грција
Атина, 7 септември 2021 (МИА) – Членови на анархистичката група „Рувиконас“, попладнево упаднаа во Министерството за животна средина и енергија на Грција и објектот закачија пано на кое пишува „Држава – подметнувач на пожари“, јави дописничката на МИА од Атина. Претходно, фрлија и летоци пред Министерството, а според она што го објавија на нивниот официјален сајт, целта била да го опседнат објектот. Полицијата, според дел од грчките медиуми, привела над 20 лица. Пред десетина дена, членовите на „Рувиконас“ со бои го нападнаа домот на министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас,  а на ѕидот од куќата го испишаа истиот слоган  „Држава – подметнувач на пожари“. ср/

Остани поврзан