• среда, 18 декември 2024

Членовите на Младинска Банка на средба со делчевскиот градоначалник Трајковски

Членовите на Младинска Банка на средба со делчевскиот градоначалник Трајковски

Делчево, 18 декември 2024 (МИА) - Дел од Членовите на Младинска Банка Делчево остварија средба со градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски. На средбата тие му доставија барање за обезбедување просторија за отворање на Младински Центар.  

-Иницијативата произлезе од младите, а е во согласност со Законот за младинско учество и младински политики според кој освен Локален Младински Совет, службеник за млади и младинска канцеларија треба секоја општина, а треба истотака да отвори и Младински Центар како катче во кој младите од градот ќе имплементираат иницијативи од нивен интерес. Неговата работа и финансирањето согласно законот, доаѓа од општинскиот буџет, но и од надворешни донатори, истакнаа од Младинска Банка.

Првиот човек на општината Горан Трајковски даде позитивен одговор и ја презентираше просторијата која откако ке се опреми ќе биде ставена во функција.

Опремувањето ќе биде обезбедено од проектот Направи разлика од кој е дел Младинскага Банка.  Овој проект е имплементиран од ФРЛЗ Штип финансиран од УСАИД, а РЦЗ е локален координатор. вс/сст/

 

Фото: МИА

Остани поврзан