• сабота, 23 ноември 2024

Членките на ЕУ не би требало да присуствуваат на инаугурацијата на Путин, порача Борел

Членките на ЕУ не би требало да присуствуваат на инаугурацијата на Путин, порача Борел

Брисел, 7 мај 2024 (МИА) – Моето лично мислење е сосема јасно дека земјите членки не треба да присуствуваат на инаугуративната церемонија за новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин во Москва, порача денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел пред почетокот на денешното во Брисел на заседанието на Советот за надворешни работи на Унијата на ниво на министри задолжени за развојна и меѓународна соработка. 

- По многубројните дискусии со претставниците на земјите членки, на сите нив им порачав дека според мое мислење не треба да се присуствува на таа инаугурација и мислам дека мнозинството од земјите членки нема да присуствуваат, изјави Борел.  

И покрај сите повиците од страна на меѓународната заедница, САД, земјите членки на ЕУ... до израелскиот премиер (Бенјамин) Нетанјаху да на ја напаѓа Рафа, нападот почна минатата ноќ. Се плаша

Тој додаде дека неприсуството на церемонијата го смета за правилна одлука, бидејќи како што рече, на крајот Путин е некој против кого има покренато обвинение од страна на Меѓународниот кривичен суд. 

- Би било и контрадикторно да се присуствува на церемонијата, ако претходно оценивме дека претседателските избори не беа фер и слободно. Затоа мој совет до земјите членки е да не присуствуваат, нагласи Борел, додавајќи дека сепак на крајот суверена одлука на секоја држава е дали ќе присуствува на церемонијата. 

Според последните информации, присуство на нивни претставници на инаугуративната церемонија од членките на ЕУ најавија Словачка, Унгарија и Франција. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан