• недела, 24 ноември 2024

Членките и сојузниците на ОПЕК ќе го зголемат производството на нафта од февруари

Членките и сојузниците на ОПЕК ќе го зголемат производството на нафта од февруари

Виена, 4 јануари 2022 (МИА) - Членките на Организацијата на производители на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници денеска одлучија да го зголемат производството со надеж дека патувањата и побарувачката за гориво нема да се намалат и покрај брзото ширење на омикрон сојот на коронавирусот.

ОПЕК плус, која се состои од 23 земји, најави дека од февруари ќе го зголеми производството на нафта за 400.000 барели дневно.

Членките на ОПЕК, предводени од Саудиска Арабија и нивните сојузници, предводени од Русија, одлучија да се држат до планот за постепено зголемување на производството на нафта, кое драстично го намалија во првите месеци од пандемијата на коронавирусот.

Денешната одлука на нафтениот картел со седиште во Виена и неговите сојузници е во согласност со претходно договорениот пристап за зголемување на производството за 400.000 барели дневно секој месец додека не го достигне нивото пред пандемијата следната година.

По денешната очекувана одлука, цената на нафтата порасна.

Во 2021 година, цената на нафтата се зголеми за повеќе од 50 отсто. паг/

Остани поврзан