• недела, 10 ноември 2024

Чистење на каналската мрежа во општина Илинден

Чистење на каналската мрежа во општина Илинден

Скопје, 26 јануари 2024 (МИА) - Општина Илинден донесе Акциски план за чистење и одржување на каналската мрежа на територијата на општината за 2024 година со дефинирани вкупно 22 900 метри (главна, секундарна и терцијарна каналска мрежа) во согласност Годишната програма за чистење на каналска мрежа на АД Водостопанство „Скопско Поле“ – Скопје и во согласност со потребите на граѓаните и правните субјекти на Општина Илинден, известуваат од локалната самоуправа.

- Чистење, нивелирање и одржување на каналската мрежа ќе се изврши во соработка со АД Водостопанство „Скопско Поле“-Скопје, ЈКП Илинден и општествено одговорни компании со цел да се обезбеди функционалност на каналската мрежа на територијата на општината и да се спречат несакани последици од појава на поплави, соопштуваат од Општина Илинден.

Оттаму, информираат дека во месец јануари, од страна на Водостопанство „Скопско Поле“-Скопје, е извршено машинско чистење на Сисавец на Главен канал во населено место Илинден, зад хотел „Белви“ до влив во Главен канал во должина од 1600 метри, чија вкупна должина изнесува 2000 метри.

- Во наредниот период ќе се продолжи со чистење на каналската мрежа согласно оперативен динамичен план кој е составен дел на Акциониот план. Екипите за чистење ќе продолжат со чистење на секундарен канал Топлик во н.м. Илинден, велат од Општина Илинден.

Од локалната самоуправа истакнуваат дека со редовното одржување на каналската мрежа се овозможува непречено прифаќање и одведување на површинските (атмосферските) води преку каналскиот систем кои во месноста Таор се влеваат во реката Вардар, со што се спречува настанувањето на поплави и се обезбедува чиста и здрава животна средина која е еден од условите за квалитетен живот на населението. ир/са

 

Фото: Општина Илиднен

Остани поврзан