• сабота, 23 ноември 2024

Чиста и незагадена водата во морето на првиот крак на Халкидики

Чиста и незагадена водата во морето на првиот крак на Халкидики

Атина, 19 септември 2023 (МИА) – По укажувањата од граѓаните и туристите за заматена вода и можни проблеми во морето во делот околу Фурка и Посиди на првиот крак на Халкидики, особено по поплавите во Грција, општина Касандра направила анализи на примероците од водата, а резултатите покажале дека е чиста, незагадена и безбедна, јави дописничката на МИА од Атина. 

Од општината соопштија дека вчера ги добиле резултатите од анализите „кои покажуваат дека нема загаденост и нема причина за загриженост“.

-Морето во Касандра се беспрекорно чисто и подготвено да ги пречекаат граѓаните и посетителите, соопштија од општината.

Градоначалничката на Касандра Анастасиа Халкиа во интервју за солунско радио објасни дека од превентивни причини, проверките ќе продолжат и ќе се земаат примероци на секои два дена.

Додаде дека анализите биле за морскиот дел околу Фурка, Посиди и Сивири поради матната вода, која најверојатно се должи на времето и силниот ветер. ср/

Фото: Општина Касандра

Остани поврзан