• сабота, 23 ноември 2024

Чижов: Русија наскоро ќе одговори на санкциите на ЕУ

Чижов: Русија наскоро ќе одговори на санкциите на ЕУ
Москва, 2 март 2021 (МИА) - Москва наскоро ќе одговори на санкциите на ЕУ, најави денеска постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов, додавајќи дека станува збор за еднострано ограничување кое не може да донесе резултати, освен што Русија ќе преземе реципрочни мерки. - Можам да кажам дека сега тоа повторно ќе се случи. Однесувањето на ЕУ ги води односите со Русија во ќор-сокак и колку подалеку одиме, ќе биде потешко да се излезе, истакна Чижов во интервју за телевизијата Русија-24. ЕУ првпат воведе санкции во рамки на новиот глобален режим за „кршење на човековите права“ и тоа против четворица руски државјани поради апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални, се наведува во документот објавен во Службениот весник на ЕУ. Санкциите стапуваат во сила од денот на објавувањето. гт/

Остани поврзан