• среда, 27 ноември 2024

Чешките ракометари не можат да го преболат поразот во Скопје

Чешките ракометари не можат да го преболат поразот во Скопје
Скопје, 18 април 2022 (МИА) – Ракометарите на Чешка не го кријат огромното разочарување по синоќешниот пораз (25:27) во Скопје и пропуштената шанса да се пласираат на Светското првенство 2023. Тие не можат да сфатат како загубија од македонската селекција за која велат дека е непопуларен противник, а пред три месеци им се спротивставувале на големите ракометни сили. - Непопуларниот противник повторно стана фатален. Репрезентацијата можеше да се пласира на Светското првенство по осум години, но против Македонија не ја потврди улогата на фаворит. Во јануари имавме бестрашен и тимски настап на Европското првенство. Ремизиравме со подоцнежните победници Швеѓаните, го измачувавме финалистот Шпанија. Но, три месеци подоцна ни се случи разочарување. Психолошкиот товар беше преголем. Имавме кочница на главите, изјави капитенот Томаш Бабак. Чешките медиуми не пропуштаат да ја истакната атмосферата во „Борис Трајковски“ за која пишуваат дека е бурна и дека е многу тешко да се игра. зс/

Остани поврзан