• среда, 18 декември 2024

Чешките весници загрозени од зголемениот ДДВ

Чешките весници загрозени од зголемениот ДДВ

Прага, 11 мај 2023 (МИА) – Издавачите на весници во Чешка го критикуваат планираното зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за дневните весници, што според нив може да ги „убие“ традиционалните весници во земјата.

Зголемувањето на даноците може да се покаже како „последна шајка во ковчегот за ваков тип на медиуми“ во земја-членка на ЕУ, објави денеска чешката Асоцијација на издавачи.

Владиниот план за консолидација на државниот буџет, претставен вчера, предвидува зголемување на ДДВ за дневните весници од 10 на 21 отсто.

- Зголемениот данок може да го клекне независното новинарство, предупреди Петр Хонжејк, коментатор од „Хосподарске новини“.

Тој ја спореди ситуацијата во Германија, каде данокот за весници е намален на седум отсто.

Додека издавачите на книги се во подобра ситуација, бидејќи се планира во иднина тие воопшто да не се оданочуваат во Чешка. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан