• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Чешкиот претседател ја посети Одеса за време на рускиот напад со дрон врз украинскиот град

Чешкиот претседател ја посети Одеса за време на рускиот напад со дрон врз украинскиот град

Одеса, 21 март 2025 (МИА) - Чешкиот претседател Петр Павел беше во посета на Одеса за време на рускиот напад со беспилотно летало врз украинскиот град, објави претседателот на Регионалната воена управа на Одеса, Олег Кипер.

„Го поздравивме претседателот на Чешката Република Петр Павел во Одеса. Посетите на таквите лидери денес се особено важни за нашиот регион, бидејќи секоја од нив е сигнал за поддршка на Украина во нејзиниот отпор кон руската агресија. Значајно е што за време на нашата средба непријателот го започна својот следен масовен напад врз Одеса и регионот. Тоа е уште еден потсетник за целиот свет: војната продолжува и Украина продолжува да се бори“, напиша Кипер на Телеграм.

На состанокот присуствуваа украинскиот вицепремиер Олексеј Кулеба, врховниот командант на поморските сили на Украина Олексеј Нејжпапа и шефовите на регионалните воени администрации на Миколаев и Херсон, Виталиј Ким и Олександар Прокудин.

„Го информиравме претседателот на Чешката Република за безбедносната ситуација во јужна Украина и разговаравме и за клучните прашања за безбедноста на бродовите, хуманитарната помош и понатамошната координација на помошта за нашите региони“, рече Кипер. паг/

 

 

 

Остани поврзан