• понеделник, 15 декември 2025

Чешкиот претседател Павел ја претстави владата на премиерот Бабиш

Чешкиот претседател Павел ја претстави владата на премиерот Бабиш

Прага, 15 декември 2025 (МИА) – Чешкиот претседател, Петр Павел, денеска ја претстави новата чешка Влада, предводена од лидерот на партијата АНО, Андреј Бабиш.

Владата ја сочинуваат министри од партијата АНО, Слобода и директна демократија (СПД) и партијата „Мотористи“, чија главна агенда е спротивставување на климатските политики на ЕУ, објави Радио Прага.

АНО ќе има осум министерски места покрај премиерската, СПД ќе има три министри, а Мотористите четири.

Коалицијата контролира мнозинство од 108-те места во Домот на пратениците и планира да побара гласање за доверба во јануари.

Владата првично ќе ја преземе функцијата без целосен состав, бидејќи кандидатот на Мотористите Филип Турек е отсутен поради здравствени проблеми.сд/

Фото: ЕПА

Остани поврзан