• четврток, 26 декември 2024

Чешкиот амбасадор Јарослав Лудва во посета на Општина Битола

Чешкиот амбасадор Јарослав Лудва во посета на Општина Битола

Битола, 23 февруари 2023 (МИА) - Амбасадорот на Чешка во земјава, Јарослав Лудва, ја посети Општина Битола и се сретна со градоначалникот Тони Коњановски.

За време на првата посета на Битола, чешкиот амбасадор беше информиран за имплементацијата на повеќе решенија поврзани со урбаната мобилност и примената на современи решенија за развој на паметни градови.

На средбата Коњановски – Лудва, посебен акцент во разговорот беше ставен на добрите примери и стратегии кои се применуваат во Чешка, предностите од користењето на електрични автобуси, како и позитивните искуства од функционирањето на принципот на јавно – приватно партнерство, соопштија од Општина Битола. мт/сст/

Фото: Општина Битола

Остани поврзан