• вторник, 24 декември 2024

Чешка ќе купи тенкови „Леопард 2A4“ во вредност од 161 милион евра

Чешка ќе купи тенкови „Леопард 2A4“ во вредност од 161 милион евра

Прага, 11 декември 2024 (МИА) - Германскиот производувач на оружје „Рајнметал“ (Rheinmetall) соопшти дека Чешка нарачала тенкови „Леопард 2A4“ во вредност од околу 161 милион евра, како дел од договор што вклучува испраќање постара воена опрема на украинската армија.

Според договорот, Чешка ќе добие уште 14 тенкови до крајот на 2026 година, а тој вклучува и пакет за муниција и логистика.

Оваа набавка е дел од процесот на модернизација на чешката армија, со што 73. оклопен баталјон ќе премине од советски тенкови на германски борбени тенкови, се вели во соопштението. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан