• среда, 25 декември 2024

Чешката фудбалска лига планира да ја обнови сезоната на 25 мај

Чешката фудбалска лига планира да ја обнови сезоната на 25 мај
Прага, 27 април 2020 (МИА) - Управата на чешката фудбалска лига планира да ја обнови сезоната на 25 март, откако владата на земјата ги олабави мерките за ограничување поради епидемијата од коронавирус. Клубовите мора да го одобрат предлогот за рестартирање на кампањата на состанокот на 12 мај. На елитата и останува да одиграат уште шест кола од регуларната сезона, а потоа уште пет кола од плеј-офот за титулата. Идејата е сите играчи да бидат тестирани за Ковид-19 пред продолжување на натпреварите, кои ќе се играат без публика. Лигата објасни дека им треба и одобрување од владата, бидејќи повеќе од 100 лица, вклучувајќи играчи, судии, службени лица од тимови и персонал на стадион, се ангажирани да организираат фудбалски натпревар.

Тагови

Остани поврзан