• недела, 24 ноември 2024

Чешката полиција се сомнева дека напаѓачот од Прага можеби е одговорен и за убиство на маж и двомесечно бебе

Чешката полиција се сомнева дека напаѓачот од Прага можеби е одговорен и за убиство на маж и двомесечно бебе

Прага, 22 декември 2023 (МИА) – Студентот, кој уби вчера најмалку 15 лица во пукањето на Карловиот универзитет во Прага, можно е да биде одговорен и за убиството на маж и бебе во Клановице. 

-Многу сериозно ги истражуваме наводите, кои се многу реални во моментов, дека напаѓачот од Филозофскиот факултет е одговорен и за две жртви од крајот на минатата недела во Клановице, изјави на прес конференција началникот на полицијата Мартин Вондрашек, пишува чешкиот портал „Новинки“. 

Засега непознато лице, на 15 декември, во местото Клановице застрелало 32-годишен маж и неговата двомесечна ќерка, но полицијата се уште го нема пронајдено одговорниот за двојното убиство. 

На Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет, на плоштадот Јан Плач, во Прага, вчера дојде до пукање во кое загинаа 15 лица, а 30 се повредени, додека напаѓачот е убиен. 

Чешката полиција соопшти и дека таткото на осомничениот за пукањето вчера бил пронајден мртов. сд/

фото:Х

Остани поврзан